ЗНАЦИ КОИ УКАЖУВААТ ДЕКА ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО ЖЕЛЕЗОТО
Витамините и минералите играат важна улога во зачувувањето на здравјето. Железото не е исклучок. Светската здравствена организација предупредува дека 80% од населението во светот страда од недостиг на железо. Ако вие сте дел од останатите 20% - продолжете така. Но, ако сте дел од мнозинството - оваа статија е наменета за вас. ЗОШТО Е ВАЖНО ЖЕЛЕЗОТО? Железото е дел од секоја клетка на телото и има огромна улога во создавањето на силен имунолошки систем. Организмот не произведува железо, туку го апсорбира преку тенкото црево. Железото е основен и најважен елемент на хемоглобинот, кој го разнесува кислородот во телото. Недостигот на железо кај децата предизвикува забавено растење и проблеми во однесувањето. Кај бремените жени, кои што имаат дефицит на железо, има голем ризик од предвремено раѓање и мала телесна тежина на новороденчето. СИМПТОМИ ПРИ НЕДОСТИГ НА ЖЕЛЕЗО Дефицитот на железо се појавува почесто кај жените, отколку кај мажите. Во период од 30 дена жените ...