ТОПЛИ БРАНОВИ И ПРОМЕНИ ВО РАСПОЛОЖЕНИЕТО? КАКО НА ПРИРОДЕН НАЧИН ДА СЕ СПРАВИТЕ СО СИМПТОМИТЕ НА МЕНОПАУЗА?
ШТО Е МЕНОПАУЗА?
Менопаузата е фаза од животот на жената кога завршува репродуктивната способност и во тој период се јавува престанок на менструациите.
Во оваа фаза се намалува нивото на естроген и тоа постепено, во текот на неколку години, најчесто е меѓу 45-тата и 55-тата година од животот, но може да се јави и порано, како при хируршко отстранување на јајниците, бидејќи во јајниците се создаваат хормоните естроген и прогестерон.
РАНА МЕНОПАУЗА
Рана менопауза се јавува на возраст од 40 до 45 години.
Симптомите на предвремена менопауза се слични на оние со менопауза на очекувана возраст.
Симптомите може да се потешки по операција или третман на рак, поради ненадејната промена на ниво на естроген.
КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА МЕНОПАУЗА?
Вообичаени симптоми вклучуваат:
- топли бранови
- ноќно потење
- проблеми со спиењето
- промени во расположението
- главоболки или мигрена
- зголемување на телесна тежина поради забавен метаболизам;
КАКО СЕ ПОСТАВУВА ДИЈАГНОЗА?
Дијагнозата се поставува со евалуација на хормоните од венска крв, со лесен неинвазивен тест. Може дополнително да се направат гинеколошки прегледи, мамографија, проверка на глукоза и липиден статус и проверка на тироидниот статус.
КАКО ПОЛЕСНО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО СИМПТОМИТЕ?
За полесно да се справите со симптомите, внимавајте на исхраната, пијте вода, имајте редовна физичка активност, спијте доволно и најдете време за вас.
Доколку сакате полесен начин за справување со топлотните бранови кои се голем предизвик особено во летните месеци, CRILIN е препарат на природна база со корен од Куџу (Pueraria thomsonii) кој ги намалува симптомите на топлотни бранови, потење, немир;
Comments
Post a Comment