НЕДОСТИГ НА ЖЕЛЕЗО ВО ТЕК НА БРЕМЕНОСТ?

 





ШТО Е АНЕМИЈА ПРЕДИЗВИКАНА ОД НЕДОСТАТОК НА ЖЕЛЕЗО ?

Анемија предизвикана од недостаток на железо се нарекува и сидеропенична анемија и се појавува кога во крвта нема доволно железо без кое не може да се произведува хемоглобин. 
Хемоглобинот прави транспорт на на кислородот низ целото тело. При бременост, мајката треба да обезбеди доволно кислород и за бебето, што значи дека е потребна поголема количина на хемоглобин. 
Овие потреби се манифестираат повеќе во вториот триместер од бременоста, и тоа е најчестиот период кога трудниците може да развијат анемија предизвикана од недостаток на железо. 


КАКО АНЕМИЈАТА СО ДЕФИЦИТ НА ЖЕЛЕЗО ПРИ БРЕМЕНОСТ ВЛИЈАЕ НА БЕБЕТО?

Тешка анемија со дефицит на железо при бременост може да го зголеми ризикот од предвремено породување, како и раѓање на бебе со мала тежина и постпородилна депресија. 

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА НИСКО ЖЕЛЕЗО ВО БРЕМЕНОСТА?

Најчестите симптоми кои укажуваат на анемија се:

- Замор

- Вртоглавица

- Главоболки

- Намален имунитет

- Ладни стапала и дланки


ПРЕВЕНЦИЈА И ТРЕТМАН НА АНЕМИЈА СО ДЕФИЦИТ НА ЖЕЛЕЗО

Анемија предизвикана од дефицит на железо може да се избегне со правилен начин на исхрана.
Храна богата со железо е свинскиот црн дроб, црвено месо, јаткастите плодови, леќа, грав, коприва и зелен лиснат зеленчук.

За да може железото да се апсорбира и да се искористи од храната, неопходно е да се внесува и витамин Ц кој ја подобрува апсорпцијата на железото. 

Продукти богати со витамин Ц се пиперките, цитрусните плодови, овошје, брокула, спанаќ, компир зелка итн.

Како лек од избор е Feromax tonic кој добро се абсорбира и не го иритира желудникот, не содржи квасец, лактоза, глутен и алкохол и е погоден за употреба кај трудници. 

Состав: сок од црна рибизла, коњско опавче, коприва, бреза, исоп, тегавец, маточина, железо цитрат, мед, гелирачки агенси. 

Дозирање и употреба: Се зема 15мл на ден пред оброк. Препорачаната доза не треба да се надминува. 
Пред употреба добро да се протресе. Отвореното шише да се чува во фрижидер најмногу два месеци. 

Производител: Hankintatukku Oy Karkkila Hogfors, Finland.



Comments

Popular posts from this blog

49 РАЗЛИЧНИ АКТИВНИ СОСТОЈКИ ВО ЕДНА КАПСУЛА VACROL! ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА?

Капилар, го подобрува кардиоваскуларниот систем во целост

ENDONORM- За здрава и витална тироидна жлезда